Руските борбени моторни санки „Беркут“ изгледаат како да излегле од „Војна на ѕвездите“

Наука и технологија
НИКИТА ПЕТРОВ

Опремени со митралез ПКП „Печенег“ 6П41 и обоени во зимска камуфлажа, овие возила, идеални за борбени дејствија на Арктикот, како да испаднале од познатата (филмска) битка кај Хот.

Механички и електрично едноставни и лесни за одржување, овие моторни санки ги движи мотор од 80 коњски сили.

„Беркут“, или ТТМ-1901-40, е исклучително едноставно возило кое се состои од мала загревана кабина за две лица на санки. ПКП ГПМГ може да се постави веднаш зад кабината. Малите димензии и малата тежина на „Беркут“ – само 900 кг, го прават идеален за брз превоз во камиони или авиони.

Овие моторни санки можат да влечат и до 295 кг, независно дали станува збор за опрема или за војници на скии/санки. Кабините се загреваат и се оперативни на температури од -50 °C.

Овие возила се идеални за патролирање или превоз на трупи до тешки и многу шумовити подрачја.