Руската „Стрелаˮ погодува точно во целта (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
На Донгускиот полигон во Оренбуршката област на Русија завршија испитувањата на противвоздушната наведувана ракета „Стрела 9М333ˮ. Притоа ракетата демонстрираше погодок „точно во целта“. Снимката на „Јутјуб“ ја објави концернот „Калашников“.

„Почна сериското производство на ракетата за Министерството за одбрана на Руската Федерација“, се наведува во текстот што ја придружува снимката.

Исто така се наведува дека противвоздушната наведувана ракета „Стрела 9М333ˮ поседува боева глава за самонаведување која може да функционира во фотоконтрастен и инфрацрвен режим, како и во услови на изложеност на пречки. Намената е за уништување авиони и хеликоптери на мали висини, како и беспилотни летала и крстосувачки ракети.

Во септември руската државна корпорација „Ростехˮ соопшти дека му продала на „Калашников“ 60% од акциите на Научно-производствената асоцијација „Молнијаˮ, која учествуваше во креирањето на советскиот орбитален вселенски брод „Буранˮ.