Русија обнови проект за тестирање оружје во арктички и пустински услови

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба („Цнииточмаш“, дел од корпорацијата „Ростех“) ја обнови работата на специјалната лабораторија за тестирање на оружје во арктички, пустински и други екстремни услови. Лабораторијата беше затворена по распадот на СССР.

„На полигонот на институтот „Цнииточмаш“ е завршена процедурата за добивање атест за комори во кои се тестира специјално стрелечко оружје со калибар до 30 милиметри на екстремни температури од минус 60 до плус 60 степени Целзиусови и во отежнати услови (прашина, дожд)“, изјави за агенцијата РИА „Новости“ од информативната служба на ова претпријатие.

Од почетокот на 1990-те не беше финансирано одржувањето на полигонот за тестирање така што полигонот на крај беше конзервиран. Лабораторијата со текот на времето стана неупотреблива, а опремата застарена.

Раководителот на научнотехничкиот центар за тестирање и експериментално проучување на вооружување, воена и специјална техника на „Цнииточмаш“ Сергеј Карасјов истакна дека стручњаците успешно ја реконструирале изгубената уникатна технологија за тестирање.