Руските спасувачи ќе добијат беспилотни летала за спасување луѓе од солитери

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Планирано е Министерството за вонредни состојби на Русија да добие во својот состав беспилотни летала, соопшти во четвртокот, 24 декември, на прес-конференција првиот заменик-министер на овој ресор Александар Чупријан.

„Сакаме да примениме беспилотни летала кои можат да подигаат до 150 килограми товар, така што ќе бидат во состојба да гаснат пожари и спасуваат луѓе од солитери“, рече тој.

Претходно Чупријан изјави дека роботите засега нема да можат да ги заменат пожарникарите, но дека ќе се појават во состав на Министерството. Според неговите податоци, за 30 години работа на овој ресор се спасени преку 2,5 милиони луѓе, од 100 до 200 илјади годишно.