Смртоносни и сигурни: „Национален Интерес“ ја оцени модернизацијата на Ту-95

Wikipedia

Стратешките сили на Русија добија модернизирани бомбардери Ту-95. И покрај нивната возраст, овие авиони стануваат сè поубиствени и посигурни. Ваква оценка за модернизираните „Мечки“ даде авторот на „Национален Интерес“ Питер Сучиу.

Ту-95 во моментов е единствениот бомбардер во експлоатација со турбо-елисни мотори. Модернизацијата на индексот „МСМ“ додаде можности далеку над првичната улога на овој авион, пишува „Росијскаја газета“.

Така, на пример, во верзијата Ту-95МС која започна да се произведува во 1981 година поголемиот дел од опремата беше заменет - од одбранбеното оружје до радарите. Бомбардерот се здоби со можност да ги користи новите ракети „земја-земја“. Неговото главно вооружување беше супсоничната крстосувачка ракета Х-55 со дострел од околу 2,5 илјади километри.

Верзијата Ту-95МСМ е опремена со најновите крстосувачки ракети Х-101, кои немаат пандан во светот.

Ту-95 е важен елемент на авијацискиот дел на руската нуклеарна тријада, пишува „Национален Интерес“. Овие бомбардери редовно го докажуваат својот голем потенцијал. На пример, неодамна пар „Мечки“ реализираа планиран лет над неутралните води на Јапонското Море и северозападниот дел на Тихиот Океан. Летот траеше повеќе од осум часа и ја демонстрира способноста на авионот да покрие големи растојанија.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња