„Тоа не е само машина базирана на стариот авион – ние, исто така, го преработивме. Го зајакнавме крилото, сменивме одделни елементи. Авионот е со нов комплет оружје, нова опрема , со модифицирани мотори и нови пропелери“, рече пред рускиот претседател генералниот директор на Обединетата корпорација за изградба на авиони, пренесува „Росијскаја газета“.
Ту-95 (Bear (мак. Мечка) според класификацијата на НАТО) е подолго време на небото, како неговиот американски колега Б-52, потсетува „Национален Интерес“. И двата стратешки бомбардери-ракетоносци летаат подолго од нивните екипажи и неодамна претрпеа интензивна модернизација. Најновата верзија на рускиот авион има многу пошироки можности од неговиот прототип – последниот, како што е познато, можеше да лансира само ненаведувани бомби со слободен пад (првенствено термонуклеарни).
Ту-95МСМ е вооружен со стратешки крстосувачки ракети Х-101 и Х-102 (последната, исто така, е термонуклеарна). За да бидат поставени под крилата беа вратени четирите носачи за осум ракети: меѓу надворешните и внатрешните мотори, како и меѓу внатрешните мотори и трупот. Поради тоа беше неопходно зајакнување на крилото. Авионот е опремен со нови радари, авионика и системи за радиоелектронски пречки. Модернизираните мотори и пропелерите се со подобрени летечки показатели.
Веројатно основната предност на „Мечката“ е неговиот фантастичен опсег на летање. Имајќи го предвид полнењето гориво во воздух, тој е ограничен само од можностите на екипажот – како во нуклеарните подморници. Ту-95МС извршува редовни летови блиску до американските води. Логично е да се претпостави дека наскоро таму ќе го видиме и Ту-95 МСМ, заклучува изданието.
Прочитајте повеќе:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче