Путин: Нуклеарната тријада го достигна нивото кое ја обезбедува безбедноста на Русија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

До средината на декември 2020 година уделот на современо вооружување и техника во руската армија е веќе над 70% во силите за општа намена, а во нуклеарните сили - 86%, пишува ТВ „Ѕвезда“.

Армијата и нуклеарната тријада го достигнаа нивото што овозможува да се обезбеди безбедноста на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот на состанокот на колегиумот на Министерството за одбрана.

„До средината на декември 2020 година уделот на современо вооружување и техника во руската армија е веќе над 70% во силите за општа намена, а во нуклеарните сили - 86%“, изјави шефот на руската држава.

За време на својот говор претседателот го пофали рускиот воен ресор за ефикасното извршување на задачите и покрај невидената состојба во светот предизвикана од пандемијата.