Погледнете снимка од првиот лет на МС-21 со руски мотори (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
На аеродромот на Иркутскиот авијациски завод рускиот патнички авион МС-21 го изведе првиот лет со новите руски мотори ПД-14. Летот траеше 1 час и 25 минути. Задачата на летот опфаќаше проверка на режимот на работа на погонскиот систем, стабилноста и способноста за реагирање на команди, како и функционирање на системите на авионот.

„Денеска ги гледаме плодовите на работата на десетици илјади луѓе од сферата на производство на авионски мотори кои се заслужни за овој лет“, изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.