„Од современите тенкови мислам дека е најбрз и најубав Т-90М „Пробој“. Но, покрај надворешните особини, тој има и одлични технички и борбени карактеристикиˮ, рече во интервјуто за ТАСС директорот на концернот „Уралвагонзаводˮ Александар Потапов.
Тој додаде дека му се чини дека од тенковите од времето на Втората светска војна му е најпривлечен Т-34 со топот калибар 76 милиметри и возилата од серијата КВ.
Т90М „Пробојˮ е длабока модернизација на тенкот Т-90, усовршена извозна варијанта на Т-90МС. Овој тенк има потполно нова купола, мотор, зголемена сила, современ систем за контрола на стрелбата и усовршен топ со калибар 125 милиметри. Според мислењето на експертите, „Пробој“ и „Армата“ во иднина ќе ја сочинуваат основата на тенковскиот парк на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче