Во Русија започнаа работите за создавање беспилотен хеликоптер со далечен радиолокациски домет. Се очекува овие летала да го следат движењето на непријателските дронови со мали димензии и мала брзина кои летаат на екстремно мали висини.
По откривањето и идентификацијата, беспилотните летала-камикаѕе и шпионските дронови ќе бидат цел на системите за противвоздушна одбрана, пренесува „Росијскаја газета“.
Работата за создавање беспилотен хеликоптер со далечен радиолокациски домет се темели на „анализа на искуствата од неодамнешните локални судири, која покажува значително учество на јуришни беспилотни летала“. Работата е во тоа што поради карактеристиките на теренот на копнените радари и системите за електронска борба може да им биде тешко брзо да откријат мали беспилотни летала.