Паметни камери во московското метро ќе можат да наоѓаат луѓе на кои им е потребна помош

Антон Новодережкин/TASS

Паметни камери во московското метро од следната година ќе можат да лоцираат луѓе на кои итно им е потребна медицинска помош, се соопштува на каналот на Telegram на Министерството за транспорт на Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Следната година нашите паметни камери ќе научат како да бараат патници на кои треба да им се укаже медицинска помош. Во случај на некое лице да му слоши, особено на возрасен човек. Ќе се обидеме да ја автоматизираме таа услуга, за да овозможиме навремено укажување помош на патникот“, се цитираат во соопштението зборовите на заменик-градоначалникот на Москва за транспорт Максим Ликсутов.

Инциденти се случуваат секаде низ светот. Во средата, на пример, во 19:05 часот полицајци, додека патролираа во фоајето на станицата „Електрозаводскаја“ на „Арбатско-Покровската“ линија, забележаа бремена жена која, симнувајќи се од ескалаторот, падна на подот. Излезе дека 29-годишната жена е во напредната бременост. Полициските службеници помогнаа со породувањето на жената во метрото на главниот град.

Прочитајте повеќе: Московското метро воведува Face Pay: Патниците ќе можат да платат за возење со вртење на главата

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња