Московското метро воведува Face Pay: Патниците ќе можат да платат за возење со вртење на главата

Anton Novoderezhkin/TASS
Градските власти соопштија дека Москва најверојатно ќе биде првиот град на светот кој ќе воведе нов систем на плаќање преку идентификација по пат на препознавање на лицето. Се очекува тоа да се случи веќе пролетта 2021 година.

„Метрото преминува на повисоко ниво на технологија и воведува FacePayˮ, рече заменик-градоначалникот на Москва Максим Лисутов. „Замислете дека ротирачките врати сами се отвораат пред вас. Звучи фантастично, но тоа е нашата скора иднинаˮ, додаде овој функционер.

Иако властите засега не објавуваат детали, суштината на FacePay може да се објасни преку примерот со слично тестирање кое минатата година беше изведено на две автобуски линии во градот Нур-Султан. Учесниците во испитувањето се регистрираа на Телеграм-бот и аплоудираа своја фотографија со банкарската картичка. При влегувањето во автобусот лицата на испитаниците ги снимаа камери, а потоа при препознавањето од нивните картички се симнуваа пари за возење. Во случај на картичката да нема доволно пари, возењето мора да се плати на другиот, потрадиционален начин.

Најмалку една ротирачка врата на секоја станица на метрото веќе од следната пролет ќе има технологија за бесконтактно препознавање на лицето, тврдат московските власти. Системот е во моментов во првата фаза на тестирањето која ќе биде завршена до 1 октомври 2020.

Се очекува дека плаќањето за возење врз основа на препознавање на лицето ќе биде популарно во Москва, каде дури 9 милиони луѓе дневно во просек се возат со метро, „Сите толку навикнаа да плаќаат со картички и апликации што оваа технологија не ги изненадува“, вели заменик-градоначалникот.

Минатата година извесен број ротирачки врати на станиците на метрото беше опремен со технологија која скенира и препознава лица. Овој уред придонесе во фаќањето криминалци и пронаоѓање исчезнати лица, создавајќи подобра безбедност во Москва, град со преку 12 милиони жители.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња