Во САД високо оценет „Терминатор“ - руското возило за поддршка на тенкови

Борбено возило за поддршка на тенкови БМПТ „Терминатор“

Борбено возило за поддршка на тенкови БМПТ „Терминатор“

Сергеј Мамонтов/RIA Novosti
Борбените возила за поддршка на тенкови „Терминатор“ испорачани на руската армија за експериментално-борбена експлоатација го привлекоа вниманието на американските воени експерти. Според мислењето на аналитичарите, едно борбено возило за поддршка на тенкови може да замени 40 пешадијци и шест лесно оклопени возила.

Американскиот портал Defense News укажува дека „Терминатор“, пред да им биде испорачан на руските тенковски единици, беше тестиран во борбените дејствија во Сирија. Искуството стекнато на Блискиот Исток ги „развеа сомнежите на руските генерали, така што возилото е примено во арсеналот на руската армија, со што е зголемен и неговиот извозен потенцијал“.

„Терминатор“ има моќно вооружување: два автоматски топа со калибар 30 мм со кои се спарени митралези со калибар 7,62 мм, два автоматски фрлачи на гранати со калибар 30 мм и два лансера на наведувани противтенковски ракети „Атака-Т“.

Системот за управување со огнот овозможува изведување борбени дејствија дење, ноќе и во лоши временски услови. Борбеното возило има три оператора, така што истовремено може да гаѓа неколку цели во радиус од 360 степени. „Терминатор“ е направен на платформа на тенкот Т-90, развива брзина од 60 км/ч, има пет члена на екипажот.

Првите осум „Терминатори“ се испорачани на Витебско-новгородската тенковска дивизија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња