ВСС "Винторез-М"
Российская газета„Советските производители на оружје конструираа две смртоносни тивки пушки со чуден дизајн: ВСС „Винторез“ и АС „Вал“. Ова семејство пушки е уникатно по својот изглед“, пишува американскиот Интернет-портал „Нешионал интерест“.
Во материјалот се споменува дека муницијата која во времето на развојот на овие пушки беше стандардна во единиците на советската армија, не одговараше на нивниот концепт. За овие пушки се разви нешто побавен (дозвучен), но значително посилен куршум со калибар 9х39 милиметри¹, пренесува Интернет-порталот РГ.
„Неговото зрно е побавно од брзината на звукот, затоа никогаш не ја пробива звучната бариера. Со оглед на тоа дека куршумот за време на напуштањето на цевката не произведува звучен ефект, тој е значително потивок во однос на поголемиот број куршуми за стрелечко оружје. Во комбинација со придушувачи „Винторез“ и „Вал“ дејствуваат мошне тивко“, признава американското списание.
Без оглед на тоа што дозвучниот куршум има ограничен ефективен дострел (некаде до 400 метри), снајперските пушки се мошне употребливи за време на изведувањето специјални извидувачки мисии или, особено, во ноќни операции. Во таа пригода панцирниот куршум со челично јадро кое е посебно конструирано за ова оружје, овозможува пробивање балистичка заштита.
„Нешионал интерест“ нагласува дека „Винторез“ и „Вал“ имаат стекнато одлична репутација во единиците на руската армија. Кога станува збор за техничко-тактичките карактеристики, овие пушки исполнуваат два мошне важни услови: имаат способност да ја неутрализираат целта која е заштитена со балистичка заштита, при што прават мошне ниска бучава за време на ова дејство.
Врз база на основната верзија на ВВС „Винторез“ направена е нејзината модификација „Винторез-М“. Ова оружје се користи во специјални операции кои ги изведуваат различни специјалистички тимови: офанзивни, антитерористички, извидувачки и диверзантски единици. Таа не може да се спореди со снајперските пушки со голем калибар кои можат да погодат цел со големина на човек на оддалеченост поголема од 2.000 метри и при тоа да ја пробијат бариерата зад која се наоѓа целта. Меѓутоа, во чувствителни операции каде е важно прикриено приближување на целта, нејзина брза и тивка ликвидација, и потоа брзо напуштање на положбата и местото на случување ВСС „Винторез-М“ нема конкуренција.
¹ Пушката користи специјална муниција СП-5 и СП-6. Последниот куршум има зрно направено од волфрам кое може да пробие хомогена челична плоча со дебелина од 6 милиметри на оддалеченост од 100 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче