Партија рускa вакцинa „Спутник V“ пристигнува во Србија до крајот на неделата

AP
Пробна партија руска вакцина „Спутник V“ пристигнува во Србија до крајот на неделата.

Ова во понеделникот го соопшти прес-службата на владата на Србија по видеоконференцијата на премиерот Ана Брнабиќ со министерот за индустрија на Русија Денис Мантуров.

„Српската премиерка Ана Брнабиќ разговараше денес преку видеоконференција со министерот за индустрија Денис Мантуров кој ја запозна со фазата во која [во Русија] се наоѓа производството на вакцината против коронавирус „Спутник V“. Мантуров потврди дека партија од 20 дози вакцина за лабораториска контрола ќе пристигнат во Србија до крајот на тековната недела“, се вели во соопштението.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња