Zala Aero Group, компанија-ќерка на концернот „Калашников“ (дел од државната корпорација „Ростех“) работи на проект на ново беспилотно летало кое конкретно ќе спаѓа во категоријата дронови-камикаѕе, изјави за веб-порталот РИА „Новости“ директорот на производство на комплекси вооружување во рамките на корпорацијата „Ростех“ Бекан Аздоев.
„Компанијата Zala Aero Group, која влегува во групата „Калашников“, произведува серија ударни беспилотни системи, во кои спаѓаат „КУБ“, „Ланцет-1“ и „Ланцет-3“. Сите овие летала според своите тактичко-технички карактеристики се подобри од странските пандани. Без оглед на тоа, ни не ја запоставуваме понатамошната работа над нови развојни проекти кои се однесуваат на дроновите-камикаѕе“, изјави неодамна Аздиев на меѓународниот военотехнички саем IDEX-2019 што се одржува во Абу Даби (УАЕ), на кој групата компании „Калашников“ го претстави својот дрон-камикаѕе „КУБ“. По овој успех компанијата Zala Aero Group стана првата во Русија која направила тнр. лојтеринг муниција претставена преку дронот-камикаѕе „Ланцет“.
Според Сергеј Чемезов, кој ја врши функцијата генерален директор на концернот „Ростех“, интелектуалниот комплекс кој е дел од ударниот дрон-камикаѕе „ZALA Ланцет“, опфаќа неколку круцијални тактички способности како што се извидување, комуникација, навигација и ударна способност. Ова беспилотно летало ќе се произведува во повеќе варијанти. „Ланцет-1“ ќе биде многу лесно беспилотно летало кое ќе има способност да носи минијатурни боеви глави со тежина 0,7-1,0 килограми, додека, на пример, „Ланцет-3“ ќе биде малку потежок и ќе може да носи двојно поголема боева глава. Се работи за исклучително евтино вооружување кое може да оствари максимална брзина до 110 км/ч и да погоди цел на далечина од 40 км. Нивната „интелектуална“ способност ќе овозможи напади во поголеми групи-роеви.
Прочитајте повеќе: Во Русија претставен новиот ударен дрон-камиказе „ZALA Ланцет“ (ВИДЕО)