ВИДЕО: Објавена снимка од лансирање на хиперсонична ракета „Циркон“ од фрегатата „Адмирал Горшков“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

ТВ „Ѕвезда“ објави снимка од лансирањето на хиперсонична ракета „Циркон“ од фрегатата „Адмирал Горшков“. Брзината на летот ѝ достигна повеќе од 8 Маха.

Фрегатата од проектот 22350 „Адмирал Горшков“ со наведувани ракетни оружја влезе во борбениот состав на Воената морнарица на Русија летото 2018 година. Екипажот на бродот брои над 170 души. Фрегатата може да развие брзина до 29 јазли. Вооружена е со ракети „Оникс“ и „Калибар“, како и со противвоздушни ракетни системи „Полимент-Редут“.  

Фрегатите од проектот 22350 се бродови за далечната морска зона - носачи на високопрецизни оружја. Тие можат да дејствуваат ефикасно како индивидуално, така и во состав на различни групи на руската Воена морнарица.