Според прес-службата на руското Министерство за одбрана, новата ракета ги потврди поставените карактеристики. Тактичко-техничките параметри на лансирањата не се соопштени, пишува „Росијскаја газета“.
„Борбените екипажи успешно ја завршија задачата, погодувајќи ја условната цел со зададената прецизност“, се вели во соопштението на министерството.
Се истакнува дека системот за противракетна одбрана на Русија е наменет да штити од удари на средства за воздушно-вселенски напад.