„Вистински вселенски брод“: Американски милијардер купи МиГ-29УБ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американскиот милијардер Џаред Исакман ги изнесе своите впечатоци по неодамнешното купување на ловец МиГ-29УБ. „Тоа е сигурно најимпресивниот авион со кој сум летал“, вели искусниот пилот и човек кој поседува еден од најголемите паркови на половни борбени млазни авиони.

Порталот The Drive објави кој го купил ловецот МиГ-29УБ од колекцијата на соосновачот на корпорацијата Microsoft Пол Ален, кој почина 2018 година. Нов сопственик на авионот е младиот „бизнисмен-феномен“ Џаред Исакман. Тој е познат како основач на компанијата Draken International, која поседува еден од најголемите паркови на половни борбени млазни авиони. Освен тоа, милијардерот е и искусен пилот.

Во 2019 година Џаред Исакман го продаде својот удел во Draken International за повеќе десетици милиони долари. Очигледно тие пари, како во шега наведува The Drive, бизнисменот ги потрошил за набавка на авионот. Како што тврди порталот, ловецот се наоѓа во беспрекорна состојба и претставува „најубавиот МиГ-29 на светот“.

Џаред Исакман објасни дека авионот го набавил заради лично задоволство и планира да настапи со него на аеромитинг за да можат да се уверат луѓето во „карактеристиките на оваа уникатна птица“. Според него, МиГ-29 дава неверојатно чувство. Кога човек лета во него, му се чини дека е во „вистински вселенски брод“.

„Тоа е сигурно најимпресивниот авион со кој сум летал“, заклучува Џаред Исакман.