Прецизност и моќ: „Национален Интерес“ го опишува рускиот ПРЛ „Торнадо-С“ како опасно оружје

Слободан Ѓукиќ
Рускиот повеќецевен ракетен лансер (ПРЛ) „Торнадо-С“ е навистина опасна борбена машина.

Ова го пишува за „Национален Интерес“ (The National Interest) авторот Питер Сучиу.

Тој ја анализира последната информација, објавена во предвечерјето на професионалниот празник на артилерците од началникот на Ракетните сили и артилеријата на Вооружените сили на Русија генерал-потполковник Михаил Матвеевски. До крајот на 2027 година „Торнадо-С“ ќе ги замени во целост застарените ПРЛ „Смерч“ и „Ураган“. А легендарниот „Град“ ќе отстапи место на современиот систем „Торнадо-Г“, пишува „Росијскаја газета“.

ПРЛ „Торнадо-С“ вклучува модернизирано (во споредба со „Смерч“) борбено возило, опремено со автоматизиран систем за управување и наведување на огнот (АСУНО), како и нови ненаведувани ракети со калибар 300 мм и со максимален дострел до 120 км (во иднина ќе се зголеми до 200 км). Во арсеналот на оваа техника има и прилагодливи ракети со одвоива фрагментарно-експлозивна или касетна боева глава.

Што се однесува до „Торнадо-Г“, тоа е всушност модернизиран „Град“. Тој исто така има АСУНО и посовремени ненаведувани 122-милиметарски ракети. Максималниот дострел е околу 40 километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња