Русите комплетираат бригада за „масивен удар“ вооружена со 300-милиметарски ПЛР „Торнадо-С“

ТОС-1А во дејство

ТОС-1А во дејство

Вадим Савитски/Global Look Press
Артилериско-ракетните единици на руската армија го добија првиот контингент далекуметни повеќецевни ракетни лансери „Торнадо-С“ со калибар 300 мм. Војската почна со активната фаза на нивна опитна експлоатација пред конечното усвојување во вооружувањето.

Руското Министерство за одбрана донесе одлука за модернизација на тешките повеќецевни ракетни лансери „Смерч“ (мак. Торнадо) кои користат ракети со долг дострел ракети со калибар 300 мм. Оваа задача ја презедоа на себе инженерите на концернот „Техмаш“ кои и осмислија адекватен проект за модернизација во кој базичниот „Смерч“ ќе го доведат до напредниот стандард „Торнадо-С“. Нешто слично повтори и заменик-генералниот директор на концернот „Техмаш“ Александар Кочкин, кој со својата компанија учествуваше на големиот меѓународен саем на оружје и воена техника MILEX-2019 што се одржува во Република Белорусија, пренесува интернет-порталот РГ.

„Торнадо-С“ претставува длабока модернизација на ПРЛ „Смерч“ со калибар 300 мм. Главниот новитет имплементиран на овој систем, а кој неговиот претходник го немаше, е автоматизираниот систем за управување со огнот. Лансирната единица добива информација за целите преку заштитени канали за врска, според која компјутерот ги пресметува сите потребни балистички параметри и автоматски го насочува огнот врз целта.

Овој систем може и самостојно да ги открива своите цели. За таа цел, за него е развиена специјална ракета 9M534, која во себе има беспилотно извидувачко летало. Оваа ракета со интегриран дрон може да одлета на растојание од неколку десетици километри, од каде што во реално време испраќа податоци до командниот пункт врз основа на кои веднаш се внесуваат новите елементи за стрелба. За 20 минути лет беспилотното летало може детално да пребара подрачје со површина од 25 км квадратни.

Покрај овој новитет, во борбениот арсенал на ПРЛ „Торнадо-С“ ќе се наоѓа и високопрецизна ракетна муниција. Ова ќе овозможи една лансирна единица истовремено да нападне и до осум различни цели. Треба да се нагласи дека дострелот на ова орудие значително е зголемен во однос на ПРЛ „Смерч“ и дека наместо 90 км сега изнесува 120 км. Во перспектива се планира ракетите лансирани од ова орудие да остварат ефективен дострел и до 200 км.

Подобрени се и многу функции кои се однесуваат на брзината на премин од маршовска во борбена позиција и обратно, а значително е скратено и времето на полнење на орудието со нови ракети. Екипажот кој го опслужува орудието се состои од тројца војници кои при дејствувањето не мораат да го напуштаат борбеното лансирно средство.

Прочитајте повеќе: Далекуметно и прецизно: Артилериските единици во 2019 година ќе добијат „убиствена“ техника

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња