Командантот на Ракетните сили и артилеријата на РФ го оцени потенцијалот на „Искандер“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“ е единствен во светот. Користи аеробалистички, како и крстосувачки ракети. Сé уште не е искористена ни половина од неговиот потенцијал за модернизација, а руската воена индустрија веќе работи на систем од следната генерација.

Сето ова во пресрет на Денот на Ракетните сили и артилеријата го изјави за весникот „Росијскаја газета“ началникот на овој род војска, генерал-потполковник Михаил Матвеевски.

„Искандер-М“ уште долго ќе одговара на современите стандарди. Тој систем барем до 2030 година ќе остане главното оружје во Ракетните сили и артилеријата“, истакна генералот.

Тој додаде дека сé уште не е искористена ни половина од потенцијалот за модернизација на овој систем, а веќе постои научна база која е сосем доволна за создавање тактички ракетен систем од следна генерација.