„Роскосмос“ декласифицира документи за трката за Месечината меѓу СССР и САД

Мајк Блејк/Reuters

Во еден од клучните моменти на трката за Месечината во СССР си го поставија прашањето: ако не успееме да доставиме месечева почва на Земјата пред САД, дали не треба да го откажеме лансирањето на советската станица, пишува во документот, декласифициран од „Роскосмос“.

На сајтот на државната корпорација беше објавен стенограм од состанокот на колегиумот на Министерството за генерално машинско инженерство, одржан на 8 мај 1969 година. Во него учествуваат министерот за генерално машинско инженерство на СССР Сергеј Афанасиев и главниот конструктор на конструкторското биро (КБ) „Лавочкин“ Георгиј Бабакин, пишува РИА „Новости“.

Во тој момент Советскиот Сојуз се подготвува да ја испрати на Месечината автоматската станица Е-8-5 за да донесе почва на Земјата, а САД – лет со екипаж на вселенското летало „Аполо 11“ со првото слетување на природниот сателит на Земјата.

„Ако Американците (Аполо 11) слетаат на 17 јуни и ни ја испратат почвата, ако ја земат и ни ја испратат, кои се вашите предлози тогаш? Што ќе правиме со програмата [летот на станицата Е-8-5], ако има [нејзинол] неуспешно лансирање во јуни?“, го прашува Афанасиев Бабакин.

Бабакин одговара дека Е-8-5 мора да биде лансирана во секој случај.

„Во печатот се зборува дека Советскиот Сојуз оди по патот на автоматските уреди. Нема да биде ништо посебно ако направиме автоматска достава [на почва] подоцна [од САД]“, рече тој.

Во исто време Афанасиев посочува дека на лансирањето на станицата Е-8-5 му се дава „посебно политичко значење“: „Ако се покаже дека машината седи и тој собирач на почва започнува да собира лунарна атмосфера наместо почва, тоа ќе биде срамота“.

Лансирањето на станицата Е-8-5 до Месечината од ракетата-носач „Протон-К“ од космодромот „Бајконур“ на 14 јуни 1969 година заврши со хаварија поради откажување на блокот за забрзување „Д“. Еден месец подоцна, на 13 јули, леталото „Луна-15“ беше успешно лансирано, но се сруши при слетувањето на Месечината на 21 јули, во деновите на првото американско слетување на природниот сателит на Земјата.

Во 1969-1972 година, во рамките на американската програма „Аполо“, беа извршени шест слетувања на Месечината, 12 астронаути на НАСА стапнаа на нејзината површина. Вкупно, САД носат 391 кг почва од Месечината.

Во 1970-1976 година, советските апарати „Луна-16“, „Луна-20“ и „Луна-24“ доставуваат на Земјата 326 грама лунарна почва, која се чува во Институтот за геохемија и аналитичка хемија при Руската академија на науките. Таму веќе има и 14 грама земја, испорачана од американските бродови „Аполо 14“ и „Аполо 16“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња