Рогозин објави снимка од монтажа на ракета „Сојуз”

Скриншот / Twitter @Rogozin
Директорот на руската државна корпорација „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин го прикажа процесот на монтажа на ракета-носач „Сојуз-2“.

„Во Техничкиот комплекс е во тек монтажа на пет ракети „Сојуз-2“ кои се дел од овогодишната програма”, напиша Рогозин на „Твитер“. 

На снимката се прикажани неколку составни делови на ракетата. Работата над деловите на трупот, како и над моторите на „Сојуз-2” се одвива во техничкиот комплекс.

„Сојуз-2” е семејство на тристепени ракети-носачи од средна класа кои ги произведува самарскиот ракетно-космички центар „Прогрес”.

Рогозин претходно изјави дека за 2020 година се планирани пет лансирања од космодромот Восточни: во април, мај, јуни, јули и ноември.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња