Воено баги: Снимка од екстремно пробно возење на возила „Тигар“, „Барсик“ и „Сармат“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руските конструктори проектираа нова линија на воена техника на тркала. Станува збор за баги возила со различна намена и конструкција. Војниците се запознаваат со овој вид техника, а веќе имаат и можност за избор.

Тука се и лесните патролни извидувачки возила „Чаборз М-3“ и десантните возила „Котјонок“ и „Барсик“, универзалните „Сармат“ и тешко вооружените „Тигар“.

Погледнете како сите овие возила ги поминаа жестоките екстремни услови во тестирањето на издржливоста, минувајќи низ шума, кал и дожд од куршуми.