Тешки и опасни воздушни маневри на ловци Су-35С во симулирана борба (ВИДЕО)

Наука и технологија
МАРИЈА АЛЕКСАНДРОВА
Пилотите на овие ловци во текот на воените вежби демонстрираа извонредни маневарски способности на своите летала.

Пилотите на ловечкиот авијациски полк на Ленинградската армија на Военото воздухопловство и противвоздухопловната одбрана на Западниот воен округ во симулирана воздушна борба со ловци Су-35С во Карелија демонстрираа одлични маневарски способности. Борбените авиони увежбуваа пресретнување и елиминација на авиони со екипаж и без екипаж, како и повлекување во тек на напад на непријателска авијација.

Летовите беа изведени на исклучително мали и големи висини.

На снимката направена од кабината на еден од борбените авиони можете да видите како изгледаше еден од овие летови.