Листата на најдолги подморници произведени било кога во разни земји на светот ја состави еден од експертите на гласилот Forbes H I Sutton. Како што наведува тој, иако не станува збор за показател кој ја претставува главната карактеристика на овие пловила, сепак должината на подморницата игра важна улога.
На листата направена врз основа на податоци од порталот Covert Shores се најдоа 31 подморница, а во првите десет, како што истакнува наведениот експерт, влегоа девет пловила од руско производство. „Белгород“ (според НАТО-класификацијата Oscar-II-Stretch) со должина од 178 метри стана лидер без пандан. Во овој момент единствениот претставник на проектот 09852 е носач на подводните беспилотни апарати „Посејдон“.
Меѓу првите десет подморници на листата се наоѓаат подводните крстосувачи „Бореј“ (Borei-I и Borei-II) со разни модификации со должина од 176 и 170 метри. „Ајкула“ (Typhoon) - 175 метри, БС-64 „Подмосковје“ (Delta-IV Stretch) - 174 метри, како и ПЛАРБ од проектот „Делфин“ (Delta-IV) - 167 метри, БС-136 „Оренбург“ (Delta-III Mod) и другите подморници од проектот „Калмар“ (Delta-III) со должина од 166 метри, серијата подморници на проектот „Антеј“ (Oscar-II) - 155 метри. Единствениот странски претставник меѓу првите десет е американската стратешка подморница од класата „Охајо“ (Ohio Class), чија должина изнесува 170 метри.
На листата се наоѓаат и руските подморници од проектот „Јасен“, како и советските подморници од проектите „Штука“ (Victor-III) и „Штука-Б“ (Akula), „Баракуда“ (Sierra I) и „Кондор“ (Sierra II).
Најдолги меѓу странските подморници се британските од класата „Авангард“ (Vanguard Class) - 150 метри и американските „Вирџинија“ (Virginia Class) - 140 метри. Претпоследната позиција ја зазедоа кинеските нуклеарни подморници од проектот „Хан" (Type-091 Han Class) со должина од 98 метри. На последното место се подморниците од класата „Aстјут“ (Astute Class) со должина од 97 метри, кои важат за најсовремените во Воената морнарица на Велика Британија.