Овој објект со чуден изглед првично ја носеше ознаката ХТВ-64, што едноставно се дешифрира, во превод на руски, како подвижен симулатор на возење. Како што вели називот, возилото требаше да служи за обука на возачи-механичари.
Познато е дека, независно од тоа колку се совршени различни компјутерски симулации, обуката не може квалитетно да се изведе без возење на реален тенк. Меѓутоа, користењето борбени машини како наставни средства е многу скапо и затоа во многу армии во светот се прави техника за посебна намена.
Од „шеесет и четворкатаˮ е тргната куполата со топот со калибар 125 милиметри и спарен митралез со калибар 7,62 милиметри, а на нејзино место е поставен дел од трупот на оклопниот транспортер за да можат внатре да се сместат неколкумина кадети. За жал, ХТВ е направен само во еден примерок.
Во исто време се правеа возила врз база на тенковите од првата повоена генерација, како и врз база на Т-72 и Т-80. Кај некои се оставени куполите без вооружувањето, а кај други се монтирани слични кабини.
Меѓу најновите странски проекти треба да се спомене кинеската наставна варијанта „Тип 59“ со предвидено седиште за инструкторот во возилото, веднаш до кадетот.