„Буре“ и „Мртов јазол“: Су-25СМ3 изведоа eлементи на сложено пилотирање на југот на Русија (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Екипажите на новите јуришни авиони Су-25СМ3 на авијациската група на Јужниот воен округ првпат изведоа елементи на сложено групно пилотирање во состав на единицата, соопшти службата за односи со јавноста на Јужниот воен округ.

Пилотите првпат изведоа елементи на сложено групно пилотирање во состав на единицата со авиони Су-25СМ3, хоризонтални и вертикални „буриња“, виражи, „Мртви јазли“, борбени свртувања и слично, се вели во соопштението.

Исто така, во текот на вежбите во Ставрополскиот крај јуришните авиони Су-25СМ3 и Су-25СМ изведоа ракетно-бомбардерски напади врз силите на условниот непријател.