Гаѓање од хеликоптер и десант: Разузнавачите ликвидираа „терористи“ во Таџикистан (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Војниците отвaраа оган врз условните терористи директно од воздух.

На својот професионален празник Денот на воено-разузнавачката служба разузнавачите на 201 воена база во Таџикистан тренираа потрага и ликвидација на терористи.  

На планинскиот терен припадниците на елитните единици на руската војска усовршуваа дејствија во состав на пребарувачко-јуришна група. Првин изведоа десант од хеликоптер без падобран, користејќи специјални уреди за спуштање.

Припадниците на елитните единици на руската војска организираа извидување од воздух и гаѓање цели во движење.