ВИДЕО: Кадри од затворениот меѓународен турнир на специјалните единици

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На територијата на центарот за гаѓање „Калашников“ во паркот „Патриот“ се одржа меѓународен турнир на специјалните единици. На интернет се појави видео на кое е прикажан дел од натпреварувањето.

Целосното сценарио на вежбите не е целосно откриено, но кадрите покажуваат како двајца специјалци се борат против терористи во населено место. Во исто време, едниот преврзува ранет човек во цивилна облека, вториот пука и повикува засилување. „Доживеавме пад, има врска“, известува тој, пренесува „Росијскаја газета“.

Набргу на местото на борба пристигнуваат три баги со добро опремени војници кои со густ оган ги покриваат позициите на терористите и им помагаат на своите другари да го изнесат ранетиот од зоната на борбените дејствија. Истовремено на лепенките на војниците може да се прочита „ФСБ“ и „КГБ“.