ИЛ-96-400
Кирил НауменкоСпоред шпанскиот весник „Ел Еспањол“ (превод на материјалот објави „ИноСМИ“), овие машини можат да ја вршат функцијата на летачки бункер, осигурувајќи ја безбедноста на претседателите и политичката и воена елита на земјите.
„Најдоброто место за таква заштита е воздухот“, се вели во публикацијата. Притоа, таквите авиони мора да бидат отпорни на електромагнетни импулси, како што се оние кои настануваат при нуклеарна експлозија.
Функцијата на летачки бункер во Русија ја исполнува Ил-80, кој влезе во експлоатација 1980-тите. Тоа е опремено воздушно командно место со максимално ниво на безбедност. Се истакнува дека во трупот на авионот нема прозорчиња. Авторот на публикацијата укажува и на необичната „грпка“ во горниот дел, наменета за антени за сателитски врски. Исто така има и антена одоздола за да се поврзе со подморници. А на неговите крила се наоѓаат дополнителни генератори на енергија.
Но, со текот на времето Ил-80 треба да биде заменет со понапредниот и модерен Ил-96-400М, што ќе овозможи зголемување на времето поминато во воздухот, како и на радиусот на командување.
Во САД во својство на летачки бункер се користи Е-4 - модифицирана верзија на Боинг 747-200. Овој авион е дизајниран и за да остане цел во услови на нуклеарна војна. Постар е од Ил-80, бидејќи се користи од 1970-тите.
Ова воздушен команден пункт има дигитални и дупликати аналогни системи и е опремен со команден комплекс за сателитска комуникација и за командување со копнените сили и флотата. Американскиот „авион на Судниот ден“ има три станбени нивоа и неколку сали. Може да помине околу една недела во воздухот - над 150 часа – со дополна на полнење гориво, пишуваат авторите, пренесува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче