Во Русија ќе направат нов „авион на Судниот ден“

ИЛ-96-400

ИЛ-96-400

Кирил Науменко
Се планира руските воздушно-командни и контролни пунктови да бидат префрлени од авионот Ил-80 на Ил-96-400М.

Според извор на ТАСС, цитиран од „Росијскаја газета“, во авионската индустрија тоа значително ќе ги зголеми основните карактеристики на таквите авиони.

„Се предвидува да се замени со авионот Ил-96-400М. Тоа значително ќе го зголеми времето за борбено дежурство на воздушниот команден пункт во воздухот и ќе ја зголеми зоната на покривање на командата и контролата“, изјави изворот.

Авионските командни пунктови се наречени „авиони на Судниот ден“ во САД, затоа што се предвидува дека ќе бидат искористени во случај на атомска војна при уништување на надземните контролни пунктови. Во САД таквите авиони се создадени врз база на авионот „Боинг 747“, а руските врз база на авионот Ил-80, разработен врз база на Ил-86. Според достапните информации, Русија има четири воздушни командни пункта.

Широкотрупниот летечки апарат за долги растојанија Ил-96-400M е модерна модификација на серискиот Ил-96. Новиот модел е со издолжен труп и помоќни мотори. Освен тоа, во конструкцијата на авионот се употребени иновативни материјали за намалување на тежината, кои истовремено ги обезбедуваат неопходната жилавост и цврстина, високото ниво на безбедност и економично работење.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња