Објавена видеоснимка од лансирање на ракета „Искандер-М“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ракетата успешно ја погоди целта.

Во завршната фаза на големата воена вежба изведена во рамките на проверката на Втората армија на Централниот воен округ на полигонот Донгуз во Оренбуршката област е извршено борбено лансирање на ракета од оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М“. Видеоснимката од лансирањето ја објави Министерството за одбрана на РФ на својот официјален канал на „Јутјуб“.

Екипажите ја уништија целта која служеше како имитација на критично важен објект на условниот непријател.