Kако новиот руски модул „Атака-Шорох“ открива дронови врз основа на звукот?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Холдингот „Роселектроника“ на државната корпорација „Ростех“ го разви модулот за акустично извидување „Атака-Шорох“. Модулот може да открива беспилотни летала кои летаат во режим на радио-тишина врз основа на звукот. Тој ги фаќа звуците со помош на суперсензитивни микрофони.

Опремата е наменета за заштита на објекти од недозволен упад на дронови. Дометот на детекција на летала изнесува од 150 до 500 метри.

Со помош на модулот ќе може да се детектираат вонредни ситуации, кршење на законот, масовни собирања на луѓе според карактеристичниот звук. Ќе може да се употребува во системот „Безбеден град“ и во индустриските системи за безбедност.

Новата опрема ќе може да биде интегрирана со системот за радиобранова детекција и попречување на дронови Атака-DBS кој исто така го осмислија стручњаците на тоа претпријатие. Во случај модулот за акустично извидување да открие дрон што лета во автономен режим, Атака-DBS ќе ги блокира каналите за сателитска навигација на непосакуваниот апарат.