Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека масовната вакцинација против коронавирус во рускиот главен град ќе почне во декември-јануари. Како што се наведува на на сајтот на градоначалникот, во ноември би требало да пристигнат „првите помалку или повеќе големи количини вакцина против коронавирус“.
Тој додаде дека масовната вакцинација ќе донесе конечна победа над пандемијата.
Освен тоа, Собјанин истакна дека за неколку дена во главниот град ќе започне проверка на фактичкото почитување на режимот на работа на далечина.
Собјанин додаде дека воведување полициски час, забрана за движење низ градот и забрана за влез и излез од земјата се крајни мерки. Тие се неприфатливи и невозможни.