„Почна испитувањето на вакцината „Спутник V“ што ја изработи Научноистражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ на Министерството за здравство на Русија меѓу доброволци постари од 60 години“, рече Мурашко, пренесува РИА „Новостиˮ.
На 11 август претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека е регистрирана првата вакцина против коронавирус во Русија. Таа го доби името „Спутник Vˮ по првиот вештачки сателит на Земјата кој беше лансиран 1957 година.
На 9 септември во рамките на процесот на испитување на вакцината по регистрацијата започна вакцинација на жителите на Москва.
Се очекува руската вакцина против коронавирус од 1 јануари 2021 година да биде достапна на поширокиот круг граѓани. Русија досега доби од 27 земји нарачки за милијарда дози од новата вакцина.