Американскиот сајт „The Drive“ објави текст со видеоматеријал кој е посветен на заедничката тактичка воена вежба на војската на Србија „Содејство-2020“ која беше реализирана на 10 октомври на просторот на Пештерската висорамнина (Република Србија). Особен впечаток на авторот на овој текст му остави дејството на борбено-извидувачките хеликоптери Газела (модификација „Гама“) кој со 100% успех ги уништи сите поставени цели со употреба на наведуваните ракети од советско потекло 9М14М „Маљутка“.
Амерички интернет портал The Drive импресиониран демонстрацијом употребе вођених ракета 9М14М "Маљутка" на здруженој тактичкој вежби "Садејство-2020". pic.twitter.com/hCMLW5GbMp
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) October 13, 2020
Иако станува збор за техника која не може да се оцени како најсовремена во вооружувањето на војската на Србија, комбинацијата на борбено-извидувачкиот хеликоптер Газела (модел „Гама“ – заб. прев.) и водените ракети 9М14М „Маљутка“ е еден од највпечатливите моменти кои е виден на оваа вежба. Тоа е можеби и најдобрата демонстрација на употреба на противтенковски ракети што некогаш сме ја виделе, наведува американскиот автор, а пренесува Интернет-порталот РГ.
Авторот наведува дека Газелите се наоѓале во вооружувањето на Југословенската народна армија (ЈНА) и дека во најголем број ги наследила војската на Југославија, а потоа војската на Србија (неколку ескадрили 60+ парчиња). Станува збор за едномоторни летала од француско потекло кои по лиценци се составувани во воздухопловната фабрика во Мостар, на територијата на поранешната федерална едница Босна и Херцеговина. Конкретно станува збор за фабриката за авиони „СОКО“ која произведуваше хеликоптери SA341H и подобрени SA342L, кои вклучуваа извидувачка и борбена варијанта кои се означуваа како ХЕРА и ГАМА.
Без оглед на должината на оперативната употреба хеликоптерите од типот „Гама“ претставуваат една од најдобрите варијанти на основното борбено летало Газела. Оваа варијанта на леталото може со себе да носи четири жичано водени противтенковски ракети 9М14М „Маљутка“,
Нејзината должина изнесува 860 милиметри, и поседува боева глава со маса од 2.6 килограми кумулативен тип. Максималната брзина за време на летот изнесува околу 120 метри во секунда.
Американскиот сајт наведува дека покрај овие летала на воената вежба можеле да се видат и неодамна набавените хибридни топовско-ракетни системи за ПВО со краток дострел „Панцир-С1“, ловечки авиони од четвртата генерација МиГ-29, модернизирани борбено-извидувачки возила БРДМ-2МС и многу друга борбена техника.
SA 342 Газела е француски лесен повеќенаменски хеликоптер. Го разви и го произведуваше француската фирма Аероспецијал (франц. Aérospatiale) во соработка со британската Вестланд Хеликоптерс (англ. Westland Helicopters). Се произведуваше во Југославија и во Египет по лиценца. Во Југославија лиценцата ја водеше и ја координираше Воздухопловно-техничкиот институт, структурата се произведуваше и финално Газела се составуваше во фабриката за авиони „СОКО“ во Мостар, моторите се произведуваат во индустријата за мотори „21 мај“ во Раковица, а останатото го правеа кооперанти, припадници на тогашната воздухопловна индустрија во рамките на Југославија.
Газела е во оперативна употреба на Франција, на Велика Британија и во државите кои беа создадени по распадот на Југославија, како и во повеќе други земји во светот. Користени се во многу вооружени судири, за воен и санитетски транспорт и како борбен хеликоптер. Газела е мошне популарен хеликоптер и во цивилната варијанта.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче