„Вектор“ ја регистрира втората руска вакцина против коронавирус

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Новосибирскиот центар „Вектор“ ја регистрираше втората руска вакцина против коронавирус, изјави претседателот на РФ Владимир Путин отворајќи го состанокот со членовите на владата.

Препаратот „ЕпиВакКорона“ не е штетен, првите 60000 дози ќе бидат произведени во најскоро време, рече потпретседателот на владата на РФ Татјана Голикова.

Путин додаде дека Голикова и раководителот на Руската државна агенција за контрола на квалитетот на прехранбени производи (Роспотребнадзор) Ана Попова веќе ја примиле новата вакцина во рамките на клиничките тестирања.

Ова е втор руски препарат за превентива од новиот вирус. Првиот е „Спутник V“, кој беше регистриран кон средината на август.

Во тек е работата над создавање жива вакцина во Центарот за истражувања и изработка на имунобиолошки препарати „Чумаков“ на Руската академија на науки.