Објавена снимка од симулирана битка на ловци МиГ-31 во стратосферата (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руските пилоти изведоа пресретнување при симулирано нарушување на воздушниот простор на висина од околу 20 километри.

На интернет е објавена видеоснимка од симулирана воздушна битка на ловци МиГ-31 во стратосферата.

На снимката што ја објави Министерството за одбрана на Русија се гледа полетување, лет во стратосферата над облаци и слетување на авионот. Снимката е направена од земја и од кабина на МиГ-31. 

Како што соопшти рускиот одбранбен ресор, во вежбите на Камчатка учествуваше морнаричката авијација на Тихоокеанската флота. Пилотите го изведоа пресретнувањето при симулирано нарушување на воздушниот простор на висина од околу 20 километри.