Воената опрема што ја набави руската војска во 2020 година

Торнадо-С

Торнадо-С

Александар Гаљперин/Sputnik
Само во август 2020 година потрошени се над 15.5 милијарди американски долари за набавка на дополнителна опрема за копнените, за воздушните и за поморските сили.

Рускиот министер за одбрана во август 2020 година потпиша договори за испорака на современа воена опрема во вредност од 15.5 милијарди американски долари.

Како што соопштуваат од рускиот одбранбен ресор, постигнати се 41 договор, вклучувајќи и договор за испорака на втор комплет од противвоздушниот систем С-400 „Триумф“ за Турција. Тука дознајте повеќе за една од најголемите испораки на руско оружје во оваа земја.

Копнени сили

Армата

Како што соопшти заменик-министерот за одбрана на Русија Алексеј Криворучко, руската војска ќе добие над 500 парчиња вооружување, како и над 80.000 ракети и парчиња муниција.

Меѓу нив се и повеќенаменскиот ракетен фрлач „Торнадо-С“ и ракетниот фрлач со повеќе цевки „Град“ со калибар од 122 милиметри.

„Ова се длабински унапредени ракетни фрлачи со повеќе цевки од советската епоха 'Смерч'. Новите модели добија суштински нови наведувачки ракети со калибар од 300 милиметри со кумулативни и шрапнелни боеви глави кои се водени до целта со помош на сателит. Исто така, ова оружје во воените зони ќе биде носено на унапредување на борбените возила со камуфлажна технологија што ги крие од непријателските радари“, објаснува Вадим Козјулун, професор на Академијата за воени науки.

Според него, за разлика од своите претходници, секој ваков проектил има дострел од 120 километри и може да погоди одвоени цели на ова растојание.

Рускиот производител на тенкови, корпорацијата „Уралвагонзавод“ (УВЗ), доби дополнителна нарачка за модифицираната верзија на најбрзиот тенк на светот Т-80БМВ, вооружен со некои од најновите модели за вооружување што се користат на тенкот Т-14 „Армата“. Како што соопшти Министерството за одбрана на Русија, војската најпрво нарачала 50 парчиња вакво вооружување, но нарачката ќе биде зголемено доколку Министерството биде задоволно од резултатот.

Артилериските сили ќе добијат напредна технологија која ќе им овозможи на командирите од далечина да нишанат цели со помош на модерните артилериски системи. Проектот го носи називот „Таблет-А“ и претставува интегрирани компјутерски технологии за артилериски системи со далечинско управување (во облик на таблет) за командирите на единиците. Овој проект ги мина тестирањата во 2019 година и ѝ беше претставен на јавноста во август 2020 година.

Според извршниот директор на корпорацијата „Сигнал“ Владимир Пименов, компанијата потпишала нов договор за испорака на уредот „таблет-А“ на војската. Тој истакнува дека оваа технологија им овозможува на офицерите на оддалеченост да управуваат со сите современи артилериски системи, како и на далечина да избираат и да го полнат оружјето со различни проектили по свој избор.

Воздухопловство

Су-35С
MOD Russia

Руското Министерство за одбрана потпиша дополнителен договор за испорака на ловецот Су-35С, на бомбардерот Су-34 и на ловецот Су-30СМ2 за руската војска, како и учебниот авион Јак-130 и транспортните авиони како што се Ил-76МД-90А. Меѓутоа, не е објавено за колкав број авиони станува збор.

Директорот на Обединетата корпорација за производство на авиони Јуриј Сљусат вели дека компанијата ја завршува реализацијата на договорот за испорака на тешките беспилотни летала „Охотник“ („Ловец“) за руската војска.

Компанијата е подготвена на почетокот од 2024 година да почне да ја снабдува војската со овие минијатурни копии на авионите Су-57. Беспилотните летала користат современ аеродинамичен облик на „летачко крило“ и стелт-технологија со цел да се скрие од непријателските радари. „Охотник“ ќе може да ја носи сета муниција од петтата генерација што првобитно беше изработена за Су-57. Новиот дрон на јавноста ѝ беше претставен во 2019 година. Повеќе информации за него можете да најдете тука.

Руска морнарица

Б-271 „Колпино“

Руското Министерство за одбрана исто така има потпишано договори за дополнителна испорака на дизел-подморницата „Варшавјанка“ проект 971.

Станува збор за подморница од третата генерација вооружена со ракети и торпеда, која припадниците на морнарицата ги нарекуваат „црна дупка“ поради нејзините стелт-карактеристики. Имено, нејзините мотори речиси да не прават бучава за време на движењето што ја отежнува нејзината детекција под вода.

Исполнува борбени задачи од широк спектар од пронаоѓање непријателски подморници, до гаѓање површински и крајбрежни цели.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња