Во Русија почна сериското производство на хеликоптерот Ми-28НМ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Почна сериското производство на модернизираните офанзивни хеликоптери Ми-28НМ. Руската војска добива 98 хеликоптери до 2027 година. Применетиот пакет модернизација настана врз основа на борбеното искуство на леталото Ми-28Н на територијата на Сирија.

Ова го соопшти генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ (дел од корпорацијата „Ростех“) Андреј Богински.

„Во тек е сериското производство. Во рамките на државните нарачки во секторот одбрана ќе испорачаме 98 летала до 2027 година. Првите два хеликоптери се испорачани во рамките на овој договор како контролна серија. Едниот од нив е вклучен во државните тестирања, а на другиот го тестираме новиот носечки систем: новите елиси кои ја зголемуваат брзината на леталото“, рече Богински.

Тој исто така соопшти дека тешкиот повеќенаменски транспортен хеликоптер Ми-26 може да добие арктичка верзија.

„Ми-26 и сега може да лета на ниски температури, но за да биде подобро прилагоден на арктичките услови, треба да се доработи. Ние денес знаеме што треба да се модернизира на хеликоптерот за да неговото користење на Арктикот дава поголема удобност“, рече тој.

Богински исто така истакна дека холдингот е подготвен да реализира ваква модернизација на хеликоптерот.