Претседателот на Русија Владимир Путин му вети на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин дека задолжително ќе ја прими руската вакцина против коронавирус и ќе допатува во Сеул, јавуваат РИА „Новости“.
Путин го изјави ова во текот на телефонскиот разговор со колегата од Јужна Кореја.
„Ќе дојдам во Јужна Кореја... Лично ќе се вакцинирам и ќе дојдам“, рече Путин.