Командирот на вселенскиот брод „Сојуз“ Сергеј Рижиков, кој во октомври ќе отпатува на Меѓународната вселенска станица, со себе ќе го понесе Евангелието и грст руска земја. Ова тој го изјави на конференцијата за новинарите, пренесува новинската агенција „РИА Новости“.
„Како и во случајот со претходниот лет, ќе ги понесам за мене најважните книги, минијатурни Евангелија, како и камен од планината Тавор, бидејќи тоа е името на нашиот екипаж. Исто така, нема да изостане ни кесенцето со родната земја, бидејќи таа се наоѓа на логото на екипажот“, рече тој.
Лансирањето на бродот „Сојуз МС-17“ со ракета-носач „Сојуз 2.1а“ од космодромот Бајконур е планирано за 14 октомври. Во екипажот ќе бидат руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков, како и Кетлин Рубенс од американската агенција НАСА.
Роскосмос
Маскотата на екипажот, фигурата која служи како индикатор на бестежинската состојба, е плетениот „космонаут“ Јуриј, кој го добил името најверојатно по Гагарин. Командирот на екипажот Сергеј Рижков рече дека маскотата ја исплела жената на космонаутот Сергеј Куд-Сверчков.