Во моментов единствениот модел техника ја демонстрираше својата способност во репортажа на тв-каналот „Ѕвезда“. Во шасијата се користени елементи кои добро се покажаа во текот на повеќегодишната експлоатација на БМП-3.
Системот доби целосно нови специфични погонски елементи: електрична трансмисија со „батерии“, складишта на енергија кои овозможуваат системот да помине три километри целосно нечујно и практично незабележливо да дојде до местото на примена.
Експлозивното полнење за деминирање со зголемена ефикасност е сместено во заштитениот лансер. Исто така, вграден е и противмински електромагнетен додаток. Уфрлени се елементи на системот за активна заштита кои ја неутрализираат противтенковската муниција на непријателот.
Тука е и митралезот на далечинско управување кој може да се користи против копнени и воздушни цели.
Како што се наведува, овој систем би требало да го замени УР-77 „Метеоритˮ, наречен Змеј Горинич, кој во руската војска се користи преку 40 години. Возилото е успешно применето во цела низа локални конфликти, меѓу кои е последната војна во Сирија. Сепак, тој повеќе навистина не може да се смета за современ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче