Американски магазин ги спореди Русија и САД по количината на тенкови и другата оклопна техника

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русија има бројчена надмоќ над САД кога се работи за тенковско вооружување: 12 илјади возила во однос на 6 илјади. Какви се предвидувањата во случај на долготрајна копнена војна меѓу овие две земји?

Ова прашање го поставува уредникот на магазинот „Национален Интерес“ Крис Озборн. Податоците за бројот на техниката ги наведува врз основа на порталот Globalfirepower. Во статијата се наведува дека годинава Вооружените сили на Русија добиле 160 единици тенкови и друга оклопна техника, меѓу другото, модернизирани и обновени Т-72 и Т-80. Рускиот парк на тенкови и друга оклопна техника брои вкупно 27 илјади единици, а планирано е да се додаде на тоа уште 1200 тенкови.

„Т-72Б е усовршена варијанта на тенкот од третата генерација Т-72, креиран во 80-тите години. Толку е временски модернизиран и американскиот „Абрамс“, пишува Крис Озборн.

Тој потоа заклучува дека само најновите модификации можат да се носат со најновиот „Абрамс“, но го споменува и Т-14 „Арматаˮ. Тука се доведува во прашање доминацијата на американското оружје, заклучува авторот на статијата.  

Тој смета дека во воен конфликт нема да биде значајна бројчената надмоќ, туку карактеристиките на оружјето. Кога се работи за тенкови, тоа се дострелот, прецизноста и издржливоста. „Ако еден тенк има сензори за откривање и уништување оклопна техника на непријателот на големи растојанија, тој ќе биде помоќен од десетина други тенкови“, пишува Крис Озборн.