Неименуван извор: Русија во опитно-боево дежурство усвојува незапирливо оружје

Слободан Ѓукиќ
Јасенската ударна ракетна група на Ракетните сили за стратешка намена (13 ракетна дивизија) која е распоредена ширум целата Оренбуршка област, во наредните недели ќе ги добие првите две интерконтинентални балистички ракети УР-100Н УТТХ, опремени со нуклеарен планирачки блок „Авангард“, кој лета со брзини 20 пати поголеми од брзината на звукот (25000 км/час).

Првите две интерконтинентални балистички проектили УР-100Н УТТХ, опремени со нуклеарен планирачки блок „Авангард“, стапуваат во опитно-боево дежурство во наредните неколку недели. Во моментов се работи на инсталирање на овие ракети во подземни силоси, изјави за ТАСС неименуван извор од рускиот воено-индустриски комплекс.

„Кон крајот на ноември и почетокот на декември во Домбаровската дивизија на РВСН во опитно-боево дежурство ќе влезат две ракети УР-100Н УТТ опремени со хиперсоничен планирачки блок од составот на првиот полк „Авангард“, рече соговорник на овој медиум.

Изворот прецизираше дека во овој момент на местото на распоредување на овие ракети „се изведуваат подготвителни работи за нивно поставување во ракетните силоси, проверка на функцијата на заштитениот полковски команден пункт и други активности“.

Од командата на Ракетните сили за стратешка намена не ја коментираа оваа информација. Агенција ТАСС побара одговор и од информативната служба на руското Министерство за одбрана.

Претпоставката е дека во единиците на РВСН на боево дежурство ќе бидат примени два полка опремени со ракетен систем „Авангард“, од кои секој ќе има по шест ракети распоредени во соодветни подземни силоси.

Министерството за одбрана на РФ во март минатата година потпиша договор за почеток на сериското производство на планираните хиперсонични боеви блокови „Авангард“. Проекциите на руската армија се дека првите ракети со овие планирачки незапирливи блокови ќе влезат во борбено дежурство до крајот на 2019 година. Според командантот Каракаев, во Јасенската ударна ракетна група (13 ракетна дивизија) која е распоредена ширум целата Оренбуршка област веќе е формирана инфраструктура за прием на ракетен полк опремен со системи „Авангард“.Овој ракетен полк ќе биде целосно оперативен до крајот на оваа година.

За комплексот „Авангард“

„Авангард“ претставува комплекс за стратешка намена кој се состои од интерконтинентална балистичка ракета опремена со планирачки хиперсоничен боев блок. Според информациите од проверени извори, боевиот блок е развиен во „НПО машиноградба“  (НПО машиностроения), каде што е тестиран уште во 2004 година.

Претпоставката е дека новиот хиперсоничен планирачки блок за стратешка намена „Авангард“ ќе биде изработен од титаниумска суперлегура, која ќе биде екстремно отпорна на високите вредности на температура што се создаваат за време на летот со брзини 20 пати  поголеми од брзината на звукот. Развојните инженери на „НПО машиноградба“ направија нов материјал што ќе му обезбеди на овој објект стабилен лет во услови кога доаѓа до тнр. создавање на плазма-ефект.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во својот историски говор на 1 март 2018 година рече дека системот „Авангард“ е способен да постигне интерконтинентален дострел во густите слоеви на атмосферата, при што може да развие брзина која е дури 20 пати поголема од брзината на звукот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња