Објавени слики на американски F-35 маскиран во руски авион-ловец (ФОТО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во медиумите се појавија првите слики на американски ловец F-35 камуфлиран да личи на „агресор“, односно на руски авион.

Снимките ги објави на „Фејсбук“ ветеранот на Военото воздухопловство на САД и сликар Шон Хемптон. Тој прецизира дека тој дизајн го нарачала од него американската армија.

На американскиот авион се нацртани дури и црвени петокраки, за што повеќе да личи на авионите на Воздушно-космичките сили на Русија.

Американските ловци се маскираат во руски авиони заради обука во воздухопловната база „Нелис“ во Невада. Тие во вежбовните борби играат улога на непријателски авиони, првенствено руски и кинески.