Руските артилерци на вежби првпат употребија „Малка“ и „Лале“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Припадниците на артилериската бригада со голем капацитет на Западниот воен округ изведоа боеви гаѓања, првпат употребувајќи ги модернизираните артилериски системи „Малка“ и „Лале“.

Вежбите се одржаа во Тамбовската област.

Борците се дигнати на знак за тревога. Тие ја совладаа контаминираната делница на теренот, ги распоредија борбените позиции користејќи инженерска опрема и камуфлажа, велат од прес-службата на Западниот воен округ.

Новите самоодни топови „Малка“, првпат користени на вежби, погодија цели на оддалеченост од преку десет километри. Огнот на најголемите на светот топови со калибар 203 мм и минофрлачите „Лале“ со калибар 240 мм го коригираа беспилотни летала „Орлан“.

Во вежбите учествуваа повеќе од 700 војници и преку 120 единици вооружување и воена техника.