Руски ловци пресретнаа авион на германски „Луфтвафе“ над Балтичкото море

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Потенцијалниот инцидент се случи над Балтичкото море, откако беше алармирана дежурната ловечко-пресретнувачка ескадрила на руската Балтичка флота. По интервенцијата на повеќенаменски ловец Су-27, германскиот пилот го пренасочи своето летало и се врати од каде што дојде.

Руски повеќенаменски авион-ловец Су-27 од составот на Балтичката флота полета во вторникот со цел пресретнување на основен патролен авион P3-C „Orion“ кој се наоѓа во состав на германското воено воздухопловство.

Ова на новинарите им беше пренесено во Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација – НЦУО. Според информациите на овој центар, средствата за контрола на воздушниот простор на 1 септември над неутралните води на Балтичкото море откриле воздушна цел која се приближувала на рускиот воздушен простор. Заради нејзина попрецизна идентификација, алармирана е дежурната ловечка ескадрила на Балтичката флота, која во правец на неидентификуваното летало упати еден авион-ловец Су-27.

„Екипажот на рускиот авион набрзо успеа да ја идентификува воздушната цел која ја претставуваше главниот патролен авион P3-C „Orion“ од составот на германското воено воздухопловство“, се вели во соопштението што го пренесува рускиот веб-портал ТАСС.

Извори од војската прецизираа дека по пренасочувањето на германскиот авион од руската граница Су-27 се вратил во својата матична база. Евентуално нарушување на рускиот воздушен простор не е дозволено.

„Употребата на руската ловечко-пресретнувачка авијација се спроведува согласно строгите меѓународни правила за употреба на воздушниот простор“, се наведува во соопштението. Во овој центар минатиот вторник соопштија дека руски ловец-пресретнувач МиГ-31 од составот на авијацијата на Северната флота извел пресретнување на ист авион над Баренцовото море. Се работело за летало на Военото воздухопловство на Норвешка.